Политиката и моќта – психопатолошки рефлекси

0
735

На линија на проф. Фрчкоски, ќе продолжам, со тезата дека : Jaзикот да се изкаже, т.е. за тој да проговори, не секогаш му треба лингвистички формализам, дека  и  кога СЕ МОЛЧИ, јазикот НИ говори. Или, како што кажал Хајдегер: способноста да се биде молчалив е еден од основните услови за автентичен човечки говор.

Со молчењето , имено,  секогаш се прикажува извесен автентичен дискурс – кој сака да ни каже нешто и затоа тишината се СМЕТА ЗА ЕДНО ОД ЦЕНТРАЛНИТЕ ИСКУСТВА НА САМИОТ ЈАЗИК, бидејќи јазикот и преку молкот ни зборува. “Психолошките трикови пак со тишината”, вообичаено индицираат прикривање на ВИСТИНА.

Во нашиот случај МОЛКОТ на пасивните актери (на линија Фрчкоски) го прикажува дискурсот на ПОЛИТИЧКОТО КАКО ТОТАЛНО И МЕСТОТО НА МОЌТА ВО НЕГО.  Молчаливиот субјект  зборува, имено, низ колаборационистички дикурс.

Да појаснам,  според психоанализата, молчењето, укажува дека постои извесен ЈАЗ кој индицира постоење на репресија и на инхибиција. Овој јаз  го обелоденува присутвсо напорекнувањето/ на негирањето / на бегството од соочување со стварноста Се претвора во одбранбен механизам против политичката репресија. Се настојува,  наводно, преку – молчењето да се остане “ЧИСТ И НЕДОПРЕН ОД ПОЛИТИКАТА”, да се биде наводно  “А-ПОЛИТИЧЕН”, да се биде , во најлош случај НЕУТРАЛЕН за политиката. И сето тоа за се побегне од објектот на моќта. Но, трикот е во тоа што со овие потези инагуративно се признава нејзиното постоење! Значи, молчењето, од една страна е модус со кој фантазматски се одрекува објектот на моќта/на теророт/на ужасот, а од друга страна, се признава неговото сеприсуство.  Така, се дислоцира капацитетот да се зборува гласно, се овозможува само-залажувањето: божемски не се признава дискурсот на репресивната политиката. Но, обратното  е  реалното: политичката моќ, одново и одново се препородува. Наводно ужаснатиот субјект – политички неутрален интелект, иако имагинативно бега од  моќта, фактички – инцестуозно се соединува со неа  –  станува едно цело – проектирајќи ја како свој его идеал, или како  објект на алтер егото. Значи, преку убивањето на говорот и преку  мортификација на вистината се врши соединувањето со Абсолутниот Мастер/големиот Друг, во нашиот случај апартаусот на репресивната политика.

Ужаснат од моќта на големиот друг (исто како синот од таткото , т.е. неутралецот од Власта), а во наводното настојување да ги пресече своите врски со него,  божемниот страдалник (а-политичниот) преку молчењето се обидува да ги укине своите лингвистички капацитети, мислејќи дека ги укинува означувачките врски со Абсолутниот Господар/ Големиот Друг, замислувајќи дека ако ги закопа, тие како да ќе престанат да постојат. Ова се одвива во опскурна кодификација на вокализацијата, слично како калабриската мафијантска кодифицирана норма за задолжителна O M E R T A.  Па така “одеднаш”,  линвистичкото  се разболува,  СЕ МОЛЧИ, а  оној преостанат некоков си бесмилен говор е девитализиран, празен, или е говор што не ни кажува “ништо”, т.е се претвора во говор што лаже.  Јасен е тука векторот на трансфер  спрема идентификација со изворот на моќта и на ужасот. Затоа за вид на МОЛК се сметс и млитавиот говор –  кoj, сугерира на афективната ТАПОСТ. А, токму такви се говорите на неутралните интелекти.  Молкот, значи, не го разгледуваме само како перманентна тишина , туку  и како ПРАЗЕН ГОВОР / на пример што релативизира;  или  ЛАЖЕН говор /напр. говорите за фалсификација на историјата/ , или пак може да се јави и преку пренагласено и репетитивно зборување, како логореа,  со мега-квантум зборови – но, збориви без вистина. Најважно од се овде е фактот дека: со молчењето – се овозможува артикулација на фетишизираната моќ.  Затоа што, тишина за тоа каков е поредокот не е  проста тишина , туку тишина што произлегува од говорот кој нè лаже и кој ја мортифицира  вистината,  тоа е говор што фалсификува , (како што се фалсификуваше историјата во една национална “енциклопедија”).

Симптоматологијата е следна: молчењето за важните работи индицира дека во свеста постои голем расчекор. Овој расчекор индицира РЕПРЕСИЈА. Наспроти неа се активира  одекувањето/неприфаќањето – како единствен психолошки внатрешен одбранбен механизам против политичкото. Па така, во настојувањето да се исцрта фантазматски сигурната и конфорна зона – таа се замислува дека е надвор од политиката, надвор од судирот ,  од антагонизацијата. Се одбива соочувањето со реалноста.  Тоа е имагинтивно осигуран простор на “неполтичкото, вон реалноста”.

Основата на вака поставена имагинација е СТРАВОТ. А стравот е главната емоција со  која се признава моќта на Објектот/Големиот Друг. Значи со самото постоње на стравот се  признава и самото постоење на репресијата, конклузивно МОЛКОТ JA ИНДИЦИРА РЕПРЕСИЈАTA!

Но, ова и не е толку индикативно, колку што е опасна самата патологизација на односот  помеѓу СТРАВОТ и МОЌТА, која се огледа во шизоидната позиција дека објектот на стравот и теророт истовремено станува и ОБЈЕКТ НА ЧЕЗНЕЕЊЕТО. Е токму тука се огледа  ТОТАЛНОСТА НА ПОЛИТИЧКОТО. Патологизацијата на овој однос преку симболичкото обединување со изворт на моќта истовремено го овозможува и признавањето пред себе дека како човечко суштество не е достојно за било какво внимание, т.е. се само-поништува /т.е. со автокастрирацијата –се замолчува)!

Молчењето на НЕУТРАЛНИТЕ И НА АПОЛИТИЧНИТЕ е толку  ТЕНЗИЧНО и толку СИЛНО, а е и презриво. Би се рекло ТОА Е “ГРОМОГЛАСЕН МОЛК”.  Сепак, во сите позииции се смета за ириверзибилен симптом на невроза, дека е  парализирачко за свеста, а поради внтершниот судир, ја произведува таа ИНТЕНЗИВНА ТИШИНА, КОЈА НАМ ТОЛКУ МНОГУ НИ ЗБОРУВА. Во основа, е мортифицирачко бидејќи ја избегнува конфронтација со субјектот на репресија, т.е. мисли дека го брише наместо да му се спротистави, а всушност се индентификува со него – оттука и молчи во таква една колаборационистичка тишина.  Значи, Mолкот (на пасивните актери)  го  сметаме за дискурс на колаборација,  остварен со беневолентна тишина, бидејќи перфектно го артикулира логосот на моќта, овозможувајќи нејзина континуирана репродукција.

На крајот, и покрај тоа што молчењето се третира како  симболичка авто-кастрација, чин со кој целосно се признава моќта на авторитетот, пробелмот е продлабочен, дека направен е и обид  за идентификација со  Големиот Друг во прогрес, уште повеќе што тука е чезнеењето за инцестно соединување со него! Или како што би кажал Лакан – определни моменти на молчење во транферот ја репрезентираат најострата форма на прифаќањето  на присуството на Другиот  како таков! Затоа, да признаеш постоење на репресија, а да молчиш за неа – е чин на ЗЛОСТОРСТВО.

Да заклучам, иако постојат повеќе видови на тишини/молчење:  енигматски, трауматски, од револт, ВО НАШИОТ СЛУЧАЈ  не станува збор за  никави мистериозни блокади, туку ова се силни интрапсихички  тајни, а се поврзани со политичките идеологии, кои исто така се поврзани со либидалните структури. Молкот, кај нашите “пасивни овозможувачи” е примордијален и архетипски – нешто  како “фамилијана тајна!”, т.e. тоа e МОЛК ЗА ЗЛОСТОРСТВОРТВО КОЕ СЕ ОПРАВДУВА!  Затоа е Crime of Silence. Тој е мета јазик и мета-симболизам со функција да го репродуцира симболичкиот поредок и неговата репресија!

Ана Чупеска