Познати сите учесници во нокаут фазата од Лига Европа

0
522

Со одигрувањето на синоќешното последно коло во дванаесетте групи се комплетираше групната фаза и во Лига Европа по што се познати сите 32 учесника кои ќе презимат во фудбалска европа.

Лига Европа остана без познати имиња како киевски Динамо, ПСВ, Лацио, московска ЦСКА и Борусија од Менхенгладбах.

Поминуваат како првопласирани:
А: Севиља (Шпанија)
Б: Малме (Шведска)
Ц: Базел (Швајцарија)
Д: ЛАСК (Австрија)
Е: Селтик (Шкотска)
Ф: Арсенал (Англија)
Г: Порто (Португалија)
Х: Еспањол (Шпанија)
И: Гент (Гелгија)
Ј: Башакшехир (Турција)
К: Брага (Португалија)
Л: Манчестер Јунајтед (Англија)

Поминуваат како второпласирани:
А: АПОЕЛ (Кипар)
Б: Копенхаген (Данска)
Ц: Хетафе (Шпанија)
Д: Спортинг (Португалија)
Е: Клуж (Романија)
Ф: Ајнтрахт (Германија)
Г: Ренџерс (Шкотска)
Х: Лудогорец (Бугарија)
И: Волфсбург (Германија)
Ј: Рома (Италија)
К: Вулверхемптон (Англија)
Л: АЗ (Холандија)

На нив ќе им се придружат и третопласираните од групите во Лигата на шампиони. Четирите тимови со најмногу освоени бодови во жрепката ќе бидат носители заедно со првопласираните од групната фаза во Лига Европа.

Ајакс (Германија)
Салцбург (Австрија)
Интер (Италија)
Бенфика (Португалија)
——————————————–
Баер Леверкузен (Германија)
Шахтар (Украина)
Олимпијакос (Грција)
Бриж (Белгија)

Жрепката ќе се одржи во понеделник во 13 часот во Нион (Швајцарија) и во неа не ќе може да се паднат еден против друг тимови кои биле во иста група и кои се од иста држава.

Првите натпревари од нокаут-фазата се закажани за 20 февруари (четврток), додека реваншите една недела подоцна.