Позата во која спиете укажува на вашата психичка состојба

0
1462

Психологот  Ејми Куди од Универзитетот Харвард неодамна објасни во јавноста што прво мора да направите по будењето. Одговорот не треба многу да ве изненади – морате прво добро да се протегнете, пренесува порталот „Distractify“.

Куди верува дека начинот на кој се будите ќе ви одреди како ќе се чувствувате цел ден – бидејќи емоциите го следат вашето држење.

„Ако спиете во фетална положба, тоа покажува дека сте под голем стрес. Ако спиете испружени, а важите раце се во форма на латинската буква V, тоа значи дека сте среќни и задоволни. Речиси 40 проценти од Американците спијат во фетална положба“, појаснила Куди.