Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

ПОЖАР ВО ХОТЕЛ ВО ИНДИЈА: 14 ЛИЦА ЗАГИНАА, МЕЃУ КОИ ДВЕ ДЕЦА

Најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, загинаа во индискиот град Калкута кога пожар зафати шесткатен хотел во градски округ, соопштија властите. Пожарот бил пријавен околу 20 часот и 15 минути и првично бил забележан во соба во близина на кујната на првиот кат од хотелот Ритурај, соопштија полициски извори, пренесе Ројтерс.

Пламенот и чадот брзо ја зафатија целата зграда во централниот деловен кварт Бурабазар, а речиси сите од 45-те соби во хотелот беа зафатени, а во моментот на пожарот имаше околу 50 луѓе внатре. Повеќето од телата биле пронајдени на скалите на хотелот, а според министерот за противпожарна и вонредна служба на Западен Бенгал, Суџит Босе, смртта најверојатно била предизвикана од задушување. Досега се идентификувани осум тела.

„На местото на настанот денеска излегува форензичка екипа, а наредена е истрага за да се утврдат причините за пожарот. Истрагата ќе испита и зошто не функционирал системот за гасење пожар во хотелот“, рече Босе. Многу гости на хотелот успеале да побегнат навреме, но едно лице од страв скокнало од покривот и починало, изјави градоначалникот на Калкута Фирхад Хаким.

Пет лица се спасени од нивните соби, околу 20 од покривот, додека некои се спасени од балкони, изјави за новинарите полицискиот комесар Маној Верма, пренесува Танјуг.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ