ПОЖАР ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО ДРАЧЕВО, СО БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СКОПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ И ШТЕТАТА Е НЕЗНАЧИТЕЛНА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

0
207
Вечерва, додека траеше собирот на Пеленица стигна информација дека избил пожар во кругот на ООУ ,,Св. Климент Охридски” во Драчево.

Веднаш по добиената информација дека се шири оган од училиштето, се упативме на местото на настанот за да спречиме поголема катастрофа.

Морам да ја пофалам и да се заблагодарам на Противпожарната бригада од Скопје за брзата и навремена реакција која спречи поголеми штети.

Штетата е минимална, но најважно е дека нема повредени.

За жал, се случуваат и вакви но она што е важно е дека секогаш сме тука да одговориме на предизвиците.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.