Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС СТИГНА ДО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА САД КАМАЛА ХАРИС

Резиденцијата на потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, се наоѓа во источниот дел на зоната за евакуација поради пожарот што избувна во Пацифик Палисадес, предградие на Лос Анџелес, објави денеска NBC News.

Харис, која моментално е во Вашингтон, во изјава објавена на веб-страницата на Белата куќа рече дека „нејзиното срце е со сите погодени од разорните шумски пожари во Јужна Калифорнија“ и ги повика жителите во погодените области да ги слушаат локалните власти, да останат будни и веднаш да се евакуира ако е кажано да го сторат тоа.

– Претседателот (Џо) Бајден и јас сме посветени да обезбедиме ниту една заедница да не мора сама да одговори на оваа катастрофа. Веќе мобилизиравме федерални ресурси за да помогнеме во борбата против пожарите, да обезбедиме поддршка и да започнеме да им помагаме на погодените“, рече Харис.

Областа околу Лос Анџелес, каде живеат околу 30.000 луѓе, доби наредба да се евакуира откако пожарот избувна вчера во 10:30 часот по локално време во Пацифик Палисадес, и брзо се прошири поради силните ветрови од Санта Ана.

Како што е најавено, државните училишта во Пасадена и Малибу утре ќе бидат затворени поради опасност од пожар, а се очекува силниот ветер да го достигне врвот вечерва и утре претпладне.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рано денеска прогласи вонредна состојба во окрузите Лос Анџелес и Вентура поради шумските пожари.

Противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека една жена пожарникар е тешко повредена додека гасела пожар во Јужна Калифорнија.

До вторник навечер, вториот пожар избувна со милји подалеку од пожарот Палисадес во Алтадена, Калифорнија, што предизвика итна евакуација откако за 30 минути се прошири на 200 хектари, според пожарникарската служба во Лос Анџелес.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ