ПОЖАРНИКАРИ ОД СТРУМИЦА ЗАМИНУВААТ ДА ПОМОГНАТ НА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА

0
538

Осум пожарникари од ТППЕ Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција.Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Македонија.

Ова го истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.-Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.