ПОД ПАЛКАТА НА МУКАЕТОВ РФМ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА ВО 2019-ТА ГОДИНА

0
203

Ракометната федерација на Македонија е прогласена за најуспешна федерација за изминатата 2019 година од страна на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС).

Наградата ја прими Живко Муакетов, претседателот на РФМ. Тој истакна дека е благодарен за наградата, но истовремено вели дека истата е сосема заслужена.

„Би сакал да се заблагодарам за оваа награда, која е мотив за сите нас како ракометни работници. Сите се заслужни за неа, од најмалите до највозрасните. Сите ќе работиме заедно да имаме повеќе спортски успеси, да ги мотивираме младите да се бават што е можно повеќе деца со спорт, затоа што тоа е правиот пат да изградиме една права нација“, изјави Мукаетов.

Ракометната федерација во борбата за првото место беше подобра од Фудбалската, Карате, Кик-бокс федерацијата…

  • НАЈДОБРИ ВО ИЗБОРОТ НА АМС ЗА 2019 ГОДИНА:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Столе Стоилов (ракомет)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Пуликсенија Јовановска (карате)

НАЈДОБРА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометната федерација
ПОСЕБНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СПОРТОТ: Никола Ѓорѓиев (одбојка)

НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: Сашко Арсовски (карате)
НАЈДОБАР МАШКИ КОЛЕКТИВ: Одбојкарска репрезентација
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ КОЛЕКТИВ: Ракометна репрезентација

НАЈДОБАР СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Бесир Алили (борење)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Миа Тодорова (кик-бокс, мау-таи)

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ: Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје
НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ: „Никола Карев“ – Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КЛУБ: „Видое Подгорец“ – Струмица