ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ЗА СВИРЕПИТЕ УБИСТВА И ГРАБНУВАЊА НА ВАЊА И ПАНЧЕ, КАЗНАТА Е ОД 10 ГОДИНИ ДО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

0
136
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за извршување на кривичните дела: грабнување и убиство.

Од Обвинителството додаваат дека во исто време, надлежниот обвинител поднел и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази.

„Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје“, се вели во соопштението од ОЈО.