Покренато е обвинение против организациска директорка на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија. Како што информираат од Основното јавно обвинителство, обвинетата ги пречекорила своите службени овластувања, а буџетот на Клиниката го оштетила за сума од 659 781 денари.
„Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман“, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.