Пријавил дека учел и положил за сертификат за англиски јазик, но полицијата открила дека е лажен документ на кој стоело дека е изваден во Албанија.
На овој директор од Струга, кој бил прв човек на училиштето во струшко Подгорци полицијата му поднесе кривична пријава.
40-годишниот директор бил опфатен и во истрага за назначувања на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко којшто доби и обвинение за незаконско поставување на повеќе директори на училишта.
-ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.М.(40) од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата, соопшти МВР.