Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје
реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто
рамки се подигнати и транспортирани приближно 42 кубни метри непрописно
одложен отпад.
Дел од активностите се одвиваа на улицата 1615 во општината Аеродром, во
непосредна близина на Џевахир холдинг, каде што е отстранета дива
депонија составена од 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад.
Интервенирано е и на улицата Доситеј Обрадовиќ, во општината Кисела
Вода, каде што се подигнати околу 7 кубни метри кабаст и отпад од
картонски пакувања, како и на улиците Џон Кенеди и Цветан Димов во
општината Чаир, каде што се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен
кабаст и градежен отпад.
Воедно, екипите на Претпријатието, во текот на вчерашниот ден подигнаа
и транспортираа 10 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на
улицата Јуриј Гагарин, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во
скопската општина Карпош.