ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА – ДЕЛ ЧЕТВРТИ

0
170

☢🚩ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел четврти)❗

Еден кумановец кој ќе го поштедам од јавно објавување, заради големата доверба што ја имал во Вилма Русковска, деновиве ми пишал: „До дек не виду не верују“.
Не го убедував, само го прашав: „А к’д ќе видиш, што ќе направиш?“. Нема одговор.

Во ова лежи суштината на нашиот менталитет кој под чизмата на пропаганда, самоцензурирани медиуми и трач-чаршија не сака да размислува, логицира и да прима вистина, туку да види.

Му кажав дека, не е добро за неговиот интелект да не ги прочита и да се обиде да ги „сконта“ пишувањата за „Подемот и падот на Вима Русковска“, пред да види СЛИКА/И и „да поверуе и да га види падање“.

📯 Да не се крене предвреме „востание“ му реков дека, по маалските слави во моето село Бардовци, ЕКСКЛУЗИВНО за почеток ќе објавам една 📸 слика од една „професионална , пардон – кафанска истражна дружба на Вилма Русковска со познати лица во едно мини ресторанче“ 🎶

➡️ Кога сме кај маалските слави, не знам дали Вилма и адвокатот на Камчев (Антонио Апостолски и брат му) ќе го посетат кираџијата во село Бардовци – Горан Николовски Џони❓
Можеби треба, на комшиско-кираџиска база – тој им е доушник, креатор, помагач и асистент во скоро сите случаи (од времето до денес) во кои таа е обвинител, а тие бранители …, до Рекет и како заштитник на сите пара-институционални инсталации на неговите шефови – Мијалков и Камчев

➡️ Не дечки, од овие епитети погоре не го замислувајте Џони како „опасно мажиште со јајца“. Замислете го како, мало уплашено човече и извршител на мафијата и како беден „транзициски професионалец“ кој преку лажни претставувања за својата „незаменливост“ е синоним за главен заштитник на најголемите шпиунски инсталации во Македонија – од Будимпешта преку Београд до Атина, и од Тирана преку Скопје до Софија. Она американското и британското што „си го прилепува“ за да изгледа голем е таа јадица на која се фатија безбедносно неписмените политичари и бизнис ориентираните „безбедњаци“ од пред 27 Април до пред извесно време❗

❎ Џони не слави Тројчин-ден тој не е „сељак од Бардовци“ – тој е „кираџија + комшија на адвокатите Апостолски во домазетовското маало“.
❎ Нему грчката митологија и „тројанските коњи“ му се икони и специјалност.
Еден таков „тројански коњ“ во кој ги напика сите “транзитери“ налик на него, го оседла со досието КРИК и го воведе во место и време кога требаше да расчисти со режимот, со неговите оставштини и со 27 Април. Но, како Џони да расчисти „сам са собом“ беше прашањето на кое не можеше и не смееше да одговори тогаш.
Сега не мора – знаеме. Но, тогаш имаше многу преземени и неисполнети задачи. Со логистика на вечниот заменик на Мијалков – Сиљан Аврамовски изглуми „поголем комуњар од комуњарите“ и „поголем патриот од уставобранителите“❗

➡️ Просто е неверојатно да можете да знаете во целост како функционира тој полусвет на паразити, извршители и лажни величини. Тие воопшто не ме чудат. Ме зачудуваа и ме чудат оние кои не сакаа и не сакаат да разберат дека „причината за болеста, не може да биде лекот“ или во превод „тој што бил/е извршител на антисистемот и заробената држава не може да гради систем и да ја ослободува државата“❗

✅ Дел од овој крстозбор ќе оставам да го реши мојот другар Љупчо Николовски задолжен за борба против корупцијата во Владата.
На многу аргументиран и едноставен начин ќе треба да ја потсети Антикорупциска комисија конечно да го реши две години чуваниот во фиока предмет за Џони по моја пријава како пратеник.
Со несоборливи факти и потврди од УЈП дека, поранешниот директор на УБК именуван од Владата живеел и живее во куќа на адвокатот на Камчев и Мијалков – Антонио Апостолски, а можеби ќе открие и дека единствениот матичен не бил единствен (⁉️).

✅🚩Решението на ова корупциско прашање ќе помогне за расчистување на рекетарско-кираџиската врска и ќе открие кој за кого снимал, што снимил и каде се парите од fucking Витон торбата која другарката на Џони – „никогаш не ја најде“. Да, да – сите ја видовме на Ла Верита, но само двајца знаат/знаеја каде е ⁉️

❎ Да не ми се земе за зло, ама скопска јавна тајна е дека основната јавна обвинителка која „у поим го уби fucking организираниот криминал во Македонија“(⁉️) многу свои „професионални“ средби ги има во најмалку три кафанчиња во Скопје.
Да се разбереме, кафана не е лоша работа до момент додека не почне да се кажува: „кој што ти може“, „кој што не ти може“, „кој на кого што“, „како ти на кого“, „како кој со кого“, „како ти на нив“ итн.
За дуетот „Шеќерна, Шеќерна“ со Боки треба и да се пофали во споредба со друго❗

❎🚩Џони, Апостолски, Вилма, Лазе и три жени, од кои најмалку една новинарка до скоро сакаа кафани. И сега сакаат, ама по можност никој да не ги види.
Нивото и целта на овој статус не е да кажам „кој со кого и од кога“, туку „математички прецизно“ да ги предочам каузалните (причинско-последичните) врски помеѓу антисистемските елементи во „Вилминиот филм за fucking борба против криминал“❗
Ова не значи дека не знам „кој со кого“ итн., но значи дека нема да применам „познат езопски стил“.
❎🚩Токму зад тој „стил“ се криеше „подрумската операција на споменатите + 10 лица“, купче пари за пропаганда, средбите по станчиња со странски разузнавачи и новинарски проститутки. Сериозен пишувач сум за да се занимавам со „очајни домаќинки, штиркање бел веш , проститутско разузнавање и држења секој-секого за јајца“❗

❎🚩Но, баш во тој стил – кафански и „домаќински“ – еден студен ноемвриски ден кога по притворите на Мијалков и Камчев за случајот „Империја“ додека го крчкаа стратешкото бегство на Никола Груевски (по познат рецепт за „гулаш“), ја седнаа Вилма Русковска на „катапултот“ за лансирање на местото „шефица на ОЈО за ГОКК“❗
❎ Карапултот беше центриран да добаци до безбедносно неупатените и бизнис-ориентираните „безбедњаци“, за да бидат здружено и „случајно“ едногласни за сервирање на Вилма за шеф на ОЈО за ГОКК. Која Вилма❓
Па, онаа која „се побуни против Зврлевски, Мијалков и Груевски – режимот чиишто слуга беше лично и персонално“.

❎ За да биде повпечатливо без фотографија, ја разбирав смислата на „од Митров-ден за Аранѓелов-ден“.
🚩Од овие фаци кои на Камчев и Мијалков сеуште им се претставуваат како спасители цел Суд и пола обвинителство знае дека „Камчеви имаат куќна слава на 21 Ноември“ и дека, ако пред тоа не киднал Груевски, Орце ќе си бил дома за куќна слава❗
Така не морала да се појави потреба да се руши СЈО, да се бара освета, Џони да добива „статус“ и да заглибуваат во обвинителско глупирање кои денес и најскапата пропаганда не може да го покрие❗

❎ Груевски беше и по црквите и по плацевите и по тендерите и по провизиите, но нив им ги остави под хипотека на домородните азиланти кој тој ги теши од надвор. И Вилма “не сака да се знае како ѝ започна шефовската кариера со него”, зошто треба да не сака да знае❗

📯 Но, затоа „транзициските професионалци“ кои учествуваа во рушење на правосудна институција и организирано прикривање на криминал, шпионажа и што ли уште не се гаранција за сите кои „најмногу неа ѝ веруваат“❗

👉 Продолжува:

☢ Каква топка ѝ „набаци“ Џони на Вилма за 27 Април❓

☢ Како Вилма го сокри Џони од Рекет❓

☢ Зошто Вилма не ја повика Шеќеринска на исказ за Рекет❓

Одам на пиво … 🍺

🙉🙈🙊

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.