ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (ДЕЛ ПЕТТИ)

0
330

☢🚩 ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ВИЛМА РУСКОВСКА (дел петти)❗

Странски служби, агенти – унгарски, грчки, српскиа, бугарски …
Конзули, адвокати – бугарски, српски, молдавски, унгарски …
Петиот дел за подемот и падот на Вилма Русковска го започнувам со истите две реченици од третиот дел. Не е случајно. Ќе се обидам да не се повторувам.
Тешко е да зборувате за Вилма Русковска, за Мијалков и за неговиот помошникот „за странски служби“ и кираџија на Антонио Апостолски (читај Камчев) – Горан Николовски Џони, а да не се повторат фактите дека, во сите политички монирани случаи и во случаите во кои има странски политички интерес има „странски служби“ кои најјмногу и најдолго упатуваат на кариерата на Џони како константа и обвинителските варијабли❗

🔎📚 Од сите мои анализи направени врз основа на релевантни и проверени информации со сигурност можам да кажам дека:
🚩МАКЕДОНСКАТА ТРАНСНАЦИОНАЛНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗАД СЕБЕ ИМА НАЈМАЛКУ ДВЕ СТРАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ❗
🚩Останатото што не е помалку важно се 1/3 корумпирани високи структури во правосудството, администрацијата, безбедносните служби,медиуми кои на директен начин се финансираат за услугите кои ги даваат на оваа транснационална криминална група❗

Кога овие структури во тефтер, на телефон или „на контакт“ ги имаат челните луѓе во полицијата, обвинителството, судот итн., тогаш народот гледа ГЛУМА од институционално постапување, медиумска шема дека нешто се работи, а во основа има иреверзибилен манипулативен процес, односно „функционален систем за заштита од кривичен прогон“❗

↕️
Ова ќе го оставам за посебно писание 🔜
☑🚩 Тврдам дека најголемите случаи на „перење пари и други приноси од кривични дела“ во чијашто позадина работела домашната криминално-олигархиска структура, во овој разработен „систем на заштита од прогон“ завршувале како „царински прекршоци“, „отфрлени или застарени пријави“ и создавање на соработничка мрежа од извршители кои продолжиле да „перат“ зад превезот на некаков бизнис. И кога ќе видите дека, има случаи во кои истиот „услужен систем за заштита на криминалци“ не гледа перење пари во илегално внесување/изнесување во шестоцифрени готовини фатени на гранични премини во појаси, аеродроми, ќеси, во шише или во бункери на коли, станува многу јасно дека „вистинското перењето е резервирано за оние со помош од странски служби“❗

1️⃣ Сетете се на случајот Шпион (2014) и приказните за унгарска и грчка разузнавачка служби, изнуди, измами, шпионажа итн.
▶️ Го смислија и започна Мијалков, Џони и Сиљан Аврамовски преку баџанакот на Мијалков – Јован Илиевски, за да заврши во СЈО на Ката. Заврши со демонтажа на „удбашкиот, пардон унгарскиот гулаш“ кој имаше за цел да ги собере на куп сите безбедносно потенцијални ликови кои можеле да ги загрозат и прочитат како „селски буквар овие врвни професионалци“. Шпион се влечка по второстепени инстанци додека главните шпиони кои беа инсталирани во институциите за борба против шпионажа – грчките азиланти Горан Грујевски, Никола Бошковски и унгарскиот азилант Никола Груевски – по заслуги за шпионажа станаа азиланти.

🚩Џони остана да ги покрива трагите на „странските служби“ на Груевци и чешкиот државјанин Мијалков кој никако не шпионирал додека директорувал, но и да го теши преку адвокатот чиишто кираџија е дека ќе го спаси и него и Камчев од странските служби што им ги закачи на врат⁉️
ℹ Каде беше Вилма во време на Шпион❓
Го токмеше Детонатор по терк на Мијалков и беше сервилен извршител на наредбите на режимот❗

2️⃣ Сетете се на Пуч (2015) – обвинението против Верушевски, Заев, Лазаревски, Костовски. И таму имаше шпионажа, странски служби, уцени итн.
▶️ Го смислија и започнаа Мијалков, Џони, Сиљан и Груевски преку баџанакот на Мијалков – Јован Илиевски, за да заврши со „пуч во пуч“ или според најновите медиумски наслови „пуч во СЈО“ по изјавата на сведокот Верушевски во Таргет-Тврдина за „модификација и демонтажа на снимките“ (❓)
Пуч го снема, како што го снема и СЈО. Денес Катица Јанева „пучирана дреме во куќен притвор“, додека никој❗ не разбра за каква шпионажа на станувало збор или ако добро го разбираме зборот, која странска служба бил корисник на обезбедените материјали од свиркачите од незаконското прислушкување што го правеше УБК⁉️ Одговор кој не сакате да го знаете.

🚩Чудно, но вистинито – Џони стана директор на УБК во 2017, Сиљан Аврамовски како вечен заменик на Мијалков продолжи да реформира во УБК и МВР, а вистинските свиркачи Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски со години чекаа зелено светло да се вратат во МВР❗ ℹ🚩Каде беше Вилма❓
Влета да го расчистува Диво Насеље и странските служби и борци во нив. Пак по теркот на Мијалков и странски служби❗
3️⃣ Сетете се на Диво Насеље или Малата Војна (2015) во која Мијалков, Сиљан Аврамовски, Илија и Горан Николовски – Џони сите од УБК, заедно како групација поврзана со странски служби од Агенција за разузнавање на потполно промашена проценка за безбедносен ризик во смрт пратија осум (😎 припадници на специјалните единици на МВР❗

ℹ🚩Каде беше Вилма❓
Заедно со Наум Пановски на кого час верува-час не му верува го застапува обвинението на Суд. Но, и денес НИКОЈ❗ ниту Вилма ниту политичарите кои тогаш зборувавме за меѓународна истрага (заради странски борци/служби) за случајот не одговорија кој е организаторот, мотивите и целта на оваа вооружена група која од Косово влезе во Македонија. Иако постоеја одредени сомнежи за нивна поврзаност со одредени македонски политичари, па дури и посочени релации со неколку македонски агенти на тајните служби, Вилма и денес останува мудро да молчи за организаротите.
ℹ🚩За да доловам каде лежи апсурдот на Вилма – Диво Насеље и 27 Април имаат ИСТА ЗЛАТНА КОМАНДА❗

Таа златна команда за 27 Април доби двоцифрена затворска казна, додека за Диво Насеље остана заштитена мечка – Митко Чавков❗
„Одговорноста“ за организацијата на Диво Насеље со оставки „од морални причини“ на Мијалков и Гордана (⁉️)
4️⃣ Сетете се на 27 Април (2017) – упадот во Собранието и се што беше декор на едно организирана насилство и продолжена приказна/сценарио на „мудреците во службите“❗

🚩Повторно истата екипа од претходните „странски-служби сценарија“. Самурајските тимови на Нинџа и на грчките азиланти Горан Гујевски и Никола Бошковски, на оној што стои „на браникот на татковината“ – Мијалков, на унгарскиот азилант, на златната команда во МВР – Митко Чавков и на сите соработници на Џони, Илија и Сиљан (УБК). Од франкфурт мафија, преку велешката пропаганда и полициска логистика, партиотските друштва, до пратеници и припадници на домашни и странски служби.
ℹ🚩КРИК-от од 27 Април на Џони и спотерот со разузнавачот Горан Живаљевиќ станаа „шило“ во утробата која требаше да породи нов, чист, некомпромитиран и храбар почеток во реформирањето на удбашко-обвинителската булумента❗
🚩За да се оправдат дејствијата на припадниците на УБК и АР кои учествуваа во настаните од 27 Април, Џони реши како спотер да го пушти неговиот таргет за работа како помошник за странски служби – српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кој мораше да се слика за да го оправда и Џони и сите од Водно❗
ℹ🚩Каде се соработниците на Живаљевиќ❓ Тука се. Медиумски и парламентарно активни.

ℹ🚩Каде беше тогаш Вилма❓
Таа дремеше чекајќи некој да и каже да отвори истрага. Но, затоа додека ја водеше истрагата внимателно и посветено работеше на прашањето кој не треба да биде обвинето за настаните од 27 Април❗ 🚩Нема таков случај освен случајот во која Вилма Русковска во исто време не спроведе истрага и не подигна обвинение за две заемно поврзани работи – организација и извршители на 27 Април. Додека ги судеа и додека ги амнестиравме извршителите, Вилма Русковска во март 2018 година поднесе обвинение за организаторите на 27 Април во кој тврди дека Никола Груевски е организатор, а СВЕСНО❗ не го сослуша како осомничен и обвинет. Не го сослуша како обвинет, зошто можеби (❓) чекаше да избега како унгарски азилант, за да дојде таа да го „расчистува“ и неговото бегство. 🚩Досетката за рушењето на СЈО со се Катица Јанева и обвинителите доаѓа токму од структурите кои кумуваат на сите свесни дејствија во споменатите случаи. Дел од нив денес се во притвор, додека другиот дел бездушно се мачи да ги спаси и нив и себе си. За да го компензира неоткривањето на бегството на унгарскиот азилат Груевски, со асистенција на Џони и неговите спонзори, Вилма се зафаќа со активна асистенција и личен набој за рушење на СЈО❗
ℹ Моите скромни информации велат дека, СЈО било во посебна операција за апсење на Груевски пред неговото бегство кое било осуетено од овие структури, а изборот на Вилма за шеф на ОЈО ГОКК два дена по бегството не е да го открие, туку да ги прикрие сите заговори против правдата❗

6️⃣ Сетете се на Рекет – аферата која “МОРАШЕ” да ја избијат за да ги покријат бегствата на шпионите кои други обвинуваа за шпионажа и да ги прикријат сите заговори против правдата❗

ℹ🚩Странски служби во Рекет❓
Има – нем да нема. Џони кумувал, советувал и давал добри напатствија на Камчев да снима се по дома во куќен притвор. Тој пак си ги информирал неговите бугарски пријатели чиишто конзул бил, и преку „агент провокатор“ – учесник во многу интересни настани (Зоран Милевски) изрежира медимски промовирано, сечено-лепено аудио-видео за специјалната Ката и Боки 13❗

ℹ🚩Каде беше Вилма тогаш❓
Таа по една година од поднесување на обвинението за организаторите на 27 Април правеше привид дека „ќе го реши Груевски“, додека се „одвивал рекетот“ одеше по прослави и пееше на настани со Боки 13, а од време на време и порачувала медиумска поддршка за случаи кои ги работи и лица што ќе ги апси. Да, да – од медиумската куќа што ја нарекуваше „скапа играчка“❗

Не знаела❓ Како не❗

ℹ🚩Џони – директорот на УБК, каде е тој тогаш❓
Тука е, во гро план како и во сите претходни случаи. Камчеви му пријавуваат „рекет“, тој дреме под кирија кај нивниот адвокат, платен да не го открие и да не го наруши минирањето на СЈО, советува дека „луди Радојко од братска Б’лгарија“ може да снима и да усними се и секого по гости, фудбали, седенки со кашкавали и вина на визити кај Камчев, а Џони да знае дека „трансакцијата е завршена“.❗

🚩Џони така школован по „странски служби“, не забележал дека се фрла на исток и со тој потег блефира за се’ што е западно тука. Дознава кога не станува директор на АНБ и дознава денес кога неговите газди се во притвор❗

🚩Тие што треба дознаваат дека Џони за “Рекет” испратил негов инспектор од УБК за истражител кај Вилма (првпат во историја на примена на ЗКП во МВР) – Сашко Стојанов. Неговата задача не била да го „расветли рекетот“, туку заедно со Вилма да го сокријат него од неговото службеното непостапување на ранг на дело против уставниот поредок – против СЈО❗

ℹ🚩 И така, Џони експертот за странски служби стана алатка за прикривање на дејствија на странска служба. Шпионажа ❓ Во „рекет“ шпионажата е мала, поголемата ќе треба допрва да ја објаснува, но не преку и пред другарка му Вилма и другар му Лазе пензионираниот❗

✅🚩За комплексот „панорама“, голмите станчиња на подобни ликови од 1/3 пара-институции, отворените “Серјожини ала Ексико тунелчиња”, изворот на Вилма за бегството на Мијалков и Камчев во следно писание. Не заборавајте на конзулите, ве молам❗

🔜 🚩Пред да се сетите за Меѓунардонен сојуз како континуитет на покривање на шпионската улога во „Рекет“, една-две конзулски улоги таму и аферата на Џони во која е фатен жив, да ве потсетам дека од таа 2019 година до денес многгууу работи се променија. Технологијата за уништување на конкуренција во безбедноста по удбашки терк не поминува веќе. Медиумската пропаганда платена со дебели пари да дува балони денес е издишана од вистината која никако да ја пренесат❗
✅🚩На Џони лично ќе му го испорачам цехот за сите шпионски филмови кои ги гледал навечер, а ги проектира на други❗

Но, и Вилма не е иста од таа 2019 година – ем постара, ем провидна во нејзиниот професионализам, ем без неколку од оние кои и веруваа – прочитана по сите основи и оставена без логистиката. Тие пак без нејзина „заложба“ се во притвор.
🚩Тие што „само неа и веруваа“, останува да сфатат дека, нивни инвестиции во таа 1/3 пара-институционалции им се џабе во ова ново време, зошто западот преку нив ќе го дроби истокот❗

Затоа 👉 In God We Trust 🇺🇸🇲🇰
🙈🙉🙊

Фејсбук статус на професорката Фросина Ременски.