Повторно одложена седницата на ДИК

0
619

Државната Изборна Комисија не успеа ни вечерва да го усвои извештајот за спорните гласачи. Седницата е одложена но без прецизиран нов термин за нејзино одржување. Стартот на седницата се одлагаше неколку пати за на крај од ДИК да известат дека седницата се одлага.

Очекувањата за денешната седница беа дека да се разгледа и усвои извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци но и да се одлучи колку од спорните гласачи теренски ќе се проверуваат.

Според одредени информации, токму бројката на гласачи кои треба да се проверат од врата на врата била причина поради несогласувањата на дел од партиските членови во ДИК.