ПОВТОРНО ОГЛАС ЗА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“, НЕМА ЕКСПЕРТИ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА

0
568

По три месеци од првиот оглас (26 јули), Јавното претпријатие за државни патишта на 24 октомври практично го објави истиот конкурс за вработување работници во Проектна единица за спроведување на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) на определено време.

ВРАБОТУВАЊАТА СЕ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ, ОДНОСНО ДО 22 ЈАНУАРИ 2028 ГОДИНА. МЕЃУ ДРУГИТЕ, ПОВТОРНО СЕ БАРА СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА, И ТОА ЗА ПОЧЕТНА ПЛАТА ОД 49.500 ДЕНАРИ, КОЈА ЗА РАЗЛИКА ОД ПРВИОТ ОГЛАС ЗА ИСТОТО РАБОТНО МЕСТО Е ЗГОЛЕМЕНА ЗА РЕЧИСИ 5.000 ДЕНАРИ. РАБОТНОТО ВРЕМЕ Е ВО ЕДНА СМЕНА ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО, А НЕДЕЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ ИЗНЕСУВА 40 ЧАСА ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК. ПОВТОРНО СЕ БАРА И ЕДЕН ИЗВЕСТУВАЧ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИСТАТА ПОЧЕТНА ПЛАТА ЗА ИСТОТО РАБОТНО ВРЕМЕ, А ПЛАТАТА ШТО СЕГА СЕ НУДИ Е ИСТО ТАКА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 5.000 ДЕНАРИ.

ЈПДП бара и пет специјалисти за инвестиции и градба на патишта чија основа плата ќе изнесува 60.480 денари и за овие позиции платата што се нуди е повисока од онаа во првиот оглас (55.037 денари), а истата плата е посочена и за специјалистите за подготовка, изработка и следење проектна документација, за заштита на животната средина и за електроенергетски објекти, вкупно 5 на број. За овие работни места ќе важи истото работно време од 8 часа од понеделник до петок. Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пристигнатите пријави, стои во објавата.

ДОСЕГА СЕ ОДРЖАА НЕКОЛКУ САЕМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“, НО АКО СЕ СУДИ ПО ПОКАЖАНИОТ ИНТЕРЕС, ТЕШКО ДЕКА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ ДО БРОЈКАТА ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ 8.000 ГРАДЕЖНИЦИ ШТО ТРЕБА ДА БИДАТ АНГАЖИРАНИ НА ИЗГРАДБАТА.

И премиерот Ковачевски, но и вицепремиерот Груби, постојано јавно ги повикуваат заинтересираните да дојдат на саемите за вработување што почнаа од Тетово и Гостивар, а продолжија во Прилеп.

– ОПТИМИСТИ СМЕ ВО ОДНОС НА САЕМИТЕ, ОЧЕКУВАМЕ ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ОД ГРАЃАНИТЕ, БИДЕЈЌИ НАВИСТИНА СТАНУВА ЗБОР ЗА РАБОТНИ ПОЗИЦИИ ШТО ОПФАЌААТ ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ И МНОГУ РАЗЛИЧНИ ПРОФИЛИ. ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД ПОВЕЌЕ ОД 2.000 ВРАБОТЕНИ, ДОСЕГА СЕ 150-ИНА, А ПРИСТИГНАТИ СЕ 370 АПЛИКАЦИИ. ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДАМЕ И ДА ВИДИМЕ КОИ ПРОФИЛИ НИ ОДГОВАРААТ. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ПЛАТИТЕ, СМЕ ВО КОРЕЛАЦИЈА СО ЛОКАЛНАТА ПОНУДА И ПАЗАРОТ – РЕЧЕ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ ЏОШУА БЕЈКЕР, ДИРЕКТОР НА ПРОЕКТОТ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“.

Инаку, досега на контото на американско-турскиот конзорциум што треба да ги гради автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, легнаа околу 175 милиони евра, од вкупно 250-те милиони евра што се обврска на државата за оваа година, за почетни градежни работи. Вицепремиерот Артан Груби, кој е и координатор за изградба на двата коридори, неодамна тврдеше дека ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, иако опозицијата упорно го тврди спротивното.

ОД ЈПДП ПОСТОЈАНО ИСТАКНУВААТ ИСПЛАТИТЕ СЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ДОГОВОРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д, ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА, НАБАВКА НА ОПРЕМА, БАЗИ И МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗВЕДУВАЧОТ И ЗА ПОДДРШКА НА ПРИСТАП ДО СРЕДСТВА, ЗА ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА, МОБИЛИЗАЦИЈА, ЕКИПИРАЊЕ СО МЕХАНИЗАЦИЈА, ВОСПОСТАВУВАЊЕ КАМПОВИ, ЛАБОРАТОРИЈА И ДРУГИ РАБОТИ ОД СТРАНА НА ИЗВЕДУВАЧОТ.

Автопатите што треба да ги гради „Бехтел и Енка“ ги следат серија скандали. Прво се заобиколи домашната легислатива и се донесе нов закон „во четири очи“ за „историски најголемиот инфраструктурен проект во државата“, како што милуваат да го нарекуваат политичарите. Јавноста зовре и за изборот на фирмата за надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со афери. Според најавите, до 2027 година треба да се изградат 110 километри автопат, а тоа ќе чини најмалку 1,3 милијарди евра. Околу 300 милиони ќе бидат потребни и за експропријација на земјиште низ кое ќе поминуваат автопатиштата.