Monday, February 17, 2025
2.8 C
Skopje

Повторно жестоки притисоци врз Правниот факултет за инфилтрација на вмровски кадри!

Како што се наближува крајот на оваа влада и договорот за преодна влада така, притисоците за инфилтрација на вмровски кадри на правниот факултет „Јустинијан први“ панично се зголемуваат, дознава Либертас.

praven

Најновиот и последен напад е преку користење уцена и блокада за трансферирање на привремениот работен однос во редовен, преку Законот за трансформација во редовен работен однос со кои владата се фали, а со кој требаше, како и кај сите други факултети, да се трансформираат 13 наставнички и исто толку админстртивни работни места, од договорни во редовни, велат нашите извори.

Некои од тие професори и асистенти се во привремен работен однос меѓу седум и тринаесет години.

Но, Владата има намера тоа да го спроведе само на Правен факултет, и го користи како дополнителна уцена и притисок.

Имено, се зборува дека само на Правен нема да се прифатат сите трансфери од привремен во работен однос, како што е направено на сите други факутети. Се зборува дека само половина ќе бидат прифатени, под услов за некои вмровски кадри факулетот да побара исто така вработување.

Како такви се набројуваат ќерка на една вработена професорка на Правен, и два други случаи за избори за кои се прави уцена да се решат по партиска линија.

Најголем притисок се врши преку претседателот на собранието, заменик министерот за образование и некои професорски партиски војници – инсталации на Правен.

Може да се случи, поради овие партиски уцени и можноста наставничкиот совет на Правниот факутет да ги одбие, и да се случи само на Правен да не биде трансформиран односот на привремено вработен-во редовен и да се прекрши Законот за трансформација во редовен работен однос кои самата влада го донесе.

Бесрамноста на овие притисоци во оваа последна паника нема граница, коментираат нашите извори од факултетот.

Извор: Либертас

ОВАА НЕДЕЛА

КАТАКЛИЗМА ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА: ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ ЗАКИНТОС И КЕФАЛОНИЈА ПЛИВААТ ВО ВОДА

Во регионот на Јонското Море, kaj грчките острови Кефалонија...

ШТИПЈАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА ПОП

Фото : Илустрација Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата...

ВЛАДАТА НЕДЕЛАВА ЌЕ ОДЛУЧИ ДАЛИ ГО ПРИФАЌА ПРЕДЛОГОТ НА КОМОРАТА НА ТРГОВЦИ

Министерството за економија и труд неделава се очекува да...

РУМЕН РАДЕВ: НЕ ПРИФАЌАМЕ ИЗМЕНИ НА АКТУЕЛНИТЕ ДОГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со претседателот...

ВУЧИЌ: ГИ РАЗБИРАМ СТУДЕНТИТЕ, НО НЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека протестите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ