Според објавата на Инстаграм профилот „ЕТФ во блокада“, по нападот интервенирала полицијата, но студентите изразија загриженост дека ситуацијата е само привремено решена.
Во раните утрински часови на 15 март 2025 година, околу 1 часот по полноќ, пред зградата на техничките факултети во Белград се случи инцидент во кој беа повредени студент-редар и професор од Електротехничкиот факултет (ЕТФ), јавува ТВ Н1.
Според објавата на Инстаграм профилот „ЕТФ во блокада“, по нападот интервенирала полицијата, но студентите изразија загриженост дека ситуацијата е само привремено решена, бидејќи постојат индикации дека напаѓачите се поврзани со поголема група која била забележана како влегува во објект спроти факултетот. Поради стравувања од повторување на инцидентот, студентите ги повикаа граѓаните да се соберат пред факултетот во текот на ноќта.