Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

ПОВРЕДЕНИ УШТЕ ДВЕ ДЕЦА ПО НОВИОТ ,,ТИК ТОК” ПРЕДИЗВИК ,,СУПЕРМЕН”, ХОСПИТАЛИЗИРАНО Е 15 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Петнасетгодишна девојка со скршеница на два слабински пршлена е на болничко лекување во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ во Скопје поради повреди предизвикани од новиот предизвик „Супермен“ на социјалната мрежа „Тик ток“, потврди за МИА в. д. директорот на болницата д-р Небојша Настов.

Викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен и ученик кој го прифатил овој предизвик. Директорот Настов вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици и зависи од ударот при падот.

– Викендов се претежно овие два нови случаја, иако имавме затишје во текот на претходната недела. Во едниот случај е повредено 13-годишно девојче со скршеници на двете подлактици. Во другиот случај има потешка повреда, 15-годишна пациентка е хоспитализирана со скршеница на два слабински пршлена. Хоспитализирана е само за опсервација, а понaтaму ќе продoлжи со конзервативен третман, изјави за МИА Настов.

Изминатиот период докторите и училиштата апелираа овој предизвик да не се практикува. Предизвикот е како група на ученици го отфрлаат од нивните раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе. Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.

МИА на почетокот на месецот објави дека 11 деца се повредени и примени во оваа болница по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“, а двајца од нив се со скршеници на рацете. Децата се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ