ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО КОЈ ГО ЗАПАЛИЛ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И ГО ОБЈАВИЛ ВИДЕОТО НА ТИК ТОК

0
902

Расчистен случајот со сквернавењето на државното знаме

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.