ПОВЕЌЕ ОД ОВА ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ НЕМОЖЕЛ ДА СЕ ИЗГЛУПИРА, СЕ СТАВИ ВО ОДБРАНА НА ХУЛИГАНИТЕ НА МЕЧКИН КАМЕН : КОЧО И ДАМЈАН ГИ ИСПРОВОЦИРАА ЌОСИЊАТА ПА ЗАТОА БЕА НАПАДНАТИ, А ЏЕС БЕЈЛИ И МЕТЈУ ПАЛМЕР СЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА?!

0
1392

Сите го мислевме дека е троа попаметен од другите вмровци ама Кекеноски станал буцко ќосе кое после овој став се придружува кон тајфата на Бачев, Вилипче, Палчо и Солза.

Секогаш на празникот Илинден на Мечкин Камен иделе владини делегации и никогаш немало вакви инциденти, дали е Кочо или друг, владин претставник мора да има но да браниш хулигани кои фрлаат со шишиња и други предмети кон владините функционери е рамно на лудило и на политичко самоутепанство. Значи според Кекеновски ќосињата требало да ги претепаат Кочо, Дамјан и другите од владината делегација на Мечкин Камен?! Па какво е ова лудило бе Јове?!

Се читаш ли што пишуваш бе мајке му божја?! А што е со паролите мртов шиптар добар шиптар, за шиптари гасна комора?! И тоа ли е провокација кон ќосињата кои ги нарекуваш народ?!

Професоре бе, дај не се брукај, не ти личи, ти си еден од најпаметните ВМРО-вци кој најрано се разбуди од Груевизмот, зошто ти треба сето ова по ѓаволите?!

 

  • ДАЈТЕ БРЕ ЛУЃЕ БАРЕМ МАЛКУ ОБЈЕКТИВНОСТЗарем очекувавте дека појавувањето на владините претставници во делегацијата кои го иритираа народот со своите постапки и скандали (после сите доделени грантови на сопствени фирми, доделен тендер од 35 милиони евра на штотуку формирана фирма) ќе бидат дочекани со аплауз?Зарем некој очекува аплауз од народот кога секојдневно е правно и политички ,,силуван” и манипулиран, кога секојдневно е бомбардиран со разни афери, кога живот дојде само за неколкумина, кога сеуште нема никаква одговорност за арамилакот и др.
    Заменик помошникот државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер и амбасадорот Џес Бејли се колатерална штета.

    Немојте да мислите дека и Х. Мицковски да беше таму, дека и тој немаше да биде исвиркан. Зошто не кажете дека најблизок соработник на Мицковски е избркан од Мечкин Камен и дека навивачките групи скандираа и против ВМРО?
    Народот не наседнува повеќе на ефтините трикови и недоследности на политичарите.

    Фејсбук статус на Јове Кекеновски