Thursday, January 23, 2025
2.8 C
Skopje

ПЛЕНКОВИЌ : ЗГРОЗЕНИ СМЕ ОД ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО УЧИЛИШТЕТО

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека е шокиран од инцидентот во основното училиште во Пречко, во кој непознат напаѓач ги нападна наставничката и учениците од тоа училиште. – Згрозени сме од оваа голема трагедија.

Таму моментално се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Полицијата се обидува да утврди што точно се случило. Имаме информации дека неколку ученици се лекувани во загрепските болници – изјави Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската влада. Во напад со нож утрово во основно училиште во загребската населба Пречко, загина едно дете, а повредени се наставничка и други ученици.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, неофицијално се работи за 15-годишник кој не се знае дали бил ученик од истото училиште и кои му биле причините да го изврши нападот.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: НЕМАМЕ ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА КАДЕ Е ГРУБИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во...

ПОРАДИ ТЕШКА И ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАТВОРЕНА Е СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци,...

ТРАМП ГО ПОМИЛУВА ОСНОВАЧОТ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА „СИЛК РОУД“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ