ПЛАТФОРМАТА ,,STEAM” ЈА ЛАНСИРА БЕСПЛАТНАТА ИГРА VAMPIRE THE MASQUERADE – BLOODHUNT

0
146

Објавена е бесплатната игра Vampire The Masquerade- Bloodhunt и можете да ја играте преку Steam уште веднаш. Станува збор за “battle royal” игра во стилот на најновата Call of Duty и Fortnite но овојпат во добро познатата “франшиза” за вампири со клановите Бружа, Тореадор, Носферату и Вентру од кои сите имаат посебни способности. Играта е со “blood and gore” и е означена како 18+ игра.

Како и во останатите “battle royal” игри и овде е употребена стандардната формула со зона на играње што се смалува и со собирање оружја. Дејството се одвива во Прага, а тие што ја играле Vampire the Masquerade- Redemption знаат дека и тогаш дел од дејството се одвиваше во Прага. Овојпат се употребени вистински локации од градот преработени за играта.

Способностите на секој клан се различни и имаат различни вампирски моќи, на пример Бружа кланот има голем скок напред и удирање со “shokwave” којшто одбива куршуми како и посебна способност за лечење. Вентру играчите можат да си го претворат телото во мермер и да издржат повеќе напади во битка. Носферату кланот има своевидна “blink” да се телепортираат напред, а Тореадор кланот има способности за „шармирање“ во своја корист. Способностите ја збогатуваат играта и се забавни за експериметирање со нив, слично како на Overwatch и Valorant секој лик има различни способности што нуди интересни тактики во борба.

Целта е да останете последен жив играч или тим во цела „партија“ од играта. Играта има и свој официјален Discord канал(на кој се логирате и со инсталацијата) за комуникација и каде можете дополнително да се информирате за сите новитети