ПЛАТИ ЦАРИНА, ПА ВОЗИ КОЛКУ САКАШ! БУГАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ НА ВОЗИЛАТА МОРА ДА СЕ „ПРЕВЕДАТ“ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ

0
788

Од 11.01.2021 до 21.06.2021 година, вкупно се оцаринети 4.596 возила, од кои 3.265 се со бугарски таблички. Вкупно се наплатени 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странски регистарски таблички.

Сопствениците на возила со бугарски регистарски таблички може да останат без своите автомобили ако до 31 јануари не платат давачки за увоз. Но, сумата што им се бара за царинење е мошне висока и како што велат сопствениците, неисплатлива, затоа што таа ќе ги чини речиси колку што го купиле автомобилот.

Како што ни објасни нашиот соговорник од Кочани, Царинската управа неколку пати усно и писмено го предупредила да плати давачки за возилото и дека во спротивно тоа нема да може да излезе од државата со него. А доколку не го стори тоа повеќе нема да може да го регистрира во земјава и да добие македонски таблички.

– Возилото „пасат“ од 2010 година го купив пред неколку години за 7.000 евра. Бидејќи имам и бугарски документи досега си го возев на бугарски таблички. Пред некое време од Царина добив предупредувања дека морам да го царинам автомобилот и притоа да платам околу 5.000 евра, што навистина е незамисливо, затоа што така ќе испадне дека сум платил за кола вредна 12.000 евра – вели тој.