ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ КАЈ БУГАРИТЕ – АМЕРИКАНЦИТЕ НАСИЛА ЌЕ ЈА ВНЕСАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ КАРАКАЧАНОВ ВЕЛИ ДЕКА САД ЌЕ ДОБИЕ ПРИЈАТЕЛИ ВО СКОПЈЕ, АМА ЌЕ ЗАГУБИ ВО СОФИЈА

0
611

Скандалозна е изјавата на специјалниот пратеник на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека е погрешно Бугарија да користи билатерален договор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ. Ваков е ставот на поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој во интервју за „Епицентар“ рече дека се чуди поради тоа што ниту една од партиите застапени во Собранието не издала соопштение, но зачуден е и поради тоа што молчат и новите демократски протестни партии.

– Нема реакција од никого и тоа ме изненадува. Кога молчите создавате чувство дека сте се помириле со овој притисок. Се работи за очигледно „соросоидни“ структури кои имаат јасна намера да го предадат бугарскиот национален интерес со доаѓањето на власт. Кој ќе го заштити бугарскиот национален интерес? Преодната влада се скрши, а првата изјава на привремениот министер за надворешни работи беше двосмислена и се однесуваше на тоа дека Бугарија ќе ги брани своите интереси со ревизија на Договорот со Скопје. Извинете, ама што може да се преиспита откако ќе падне одлуката во Собранието? – прашува Каракачанов.

Тој уште еднаш повтори дека изјавата на Ескобар е скандалозна, но од друга страна, пак, призна дека „така се однесуваат Американците“.

– Американците сметаат дека на овој начин ќе стегнат повеќе пријатели во Скопје, но треба да знаат дека ќе ги загубат пријателите во Бугарија. Јасно е дека Америка има интерес Албанија и Македонија да влезат во ЕУ, бидејќи на тој начин ќе се затвори руското влијание на Балканот. Изјавата на Ескобар е директно мешање во внатрешните работи на суверена држава како што е Бугарија. Северна Македонија сака да влезе во европското семејство плукајќи и водејќи политика против членките на Унијата. Ама си постојат правила за влез во ЕУ и едно од тие правила е сите земји-членки да се согласат. Другиот услов е билатералните спорови да се решат. А споровите помеѓу Софија и Скопје не само што не се решени, туку и ескалираат – истакна Каракачанов.

Тој додаде дека неговото мислење е оти САД се обидуваат да наметнат диктат и сила преку своите соработници на бугарската политичка сцена, без воопшто да се грижат какви се бугарските национални интереси.