ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ ВО ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА КАЈ БАЧЕВ : ПОРАДИ НЕСООДВЕТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРОСТОРИИТЕ НА ПАРТИЈАТА ИМ СЕ ИСФРЛЕНИ НА УЛИЦА!

0
776

Изјавата на претседателот на Единствена Макединија за денешната најава на владиното претпријатие за станбен и деловен простор со асистенција на полиција да вршат присилно симнување на руското и македонското знаме со шеснаесеткракото сонце од седиштето на Единствена Македонија и присилно иселување на партијата, а кое нешто нема законска основа.

Во изјава за медиумите престедателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

„После ребрендирањето на партијата имавме неколку предупредувања да ги тргнеме руското и македонското знаме со шеснаесеткракото сонце од седиштето на партијата. Од наша страна децидно им кажавме дека за тоа нема законска основа бидејќи користењето на руското и на македонското знаме со шеснаесеткракото сонце во партиски простории не е забрането со закон. Ние  мислевме дека работата е завршена, но, непријанто бевме изненадени кога пред неколу дена ни стигна известување од владиното претпријатие за станбен и деловен простор дека денес, 3 септември, во 10 часот ќе дојдат со асистенција на полиција да не иселат и да ги тргнат знамињата. Притоа ни беше доставен и наводен имотен лист кој остава простор за сомнеж за фалсификат. Како што гледате имотниот лист се однесува на зграда на ул. „Даме Груев„ бр. 1, а оваа зграда е на ул. „Даме Груев„ бр. 10, а исто така и партијата во Централен Регистар е регистрирана на ул. Даме Груев бр. 10. Ние направивме проверка и утврдивме дека зградата број 1 е спроти Собранието, а што е поинтересно и таа зграда и оваа зграда се на „Центро„ што значи дека владата сака со еден имотен лист да земе две згради. Исто така, гледате во имотниот лист основот на уписот е наводен договор од 1996 година кој никаде не е заверен иако договорите за промет на недвижности се заверуваат кај надлежен орган, и што е поинтересно, сега овој договор во месец април 2018 е заверен кај нотар. Значи, внимавајте добро, после 22 години владиното претпријатие заверува договор што остава простор за сомнеж во неговата исправност. Нашиот престој во ова зграда е целосно законит, зградата е на „Центро„ еве го огласот од 2006 година на кој ние се јавивме и сме закупиле простор и тука сме повеќе од 12 години. Ние ќе ги известиме надлежните органи за овој фалсификат, но, ја повикувам власта да престане со овие ефтини манипулативни трикови и закани, нас ни е јасна причината бидејќи за неколку дена тргнува нашата кампања „Македонија бојкотира„ на Кризниот штаб од 28 организации во кои е Единствена Македонија. Владата не може да не спречи, бидејќи референдумот нема да успее, македонскиот народ масовно ќе бојкотира. Од друга страна, од аспект на нашата партија ги повикуваме да се вразумат, не е добро од позиција на власт да прават такви притисоци, бидејќи да претпоставиме што ќе се случи, ние како Единствена Македонија како нова легална власт која доаѓа, што треба да направиме, дали треба да одиме на „Бихачка„ и да го запалиме седиштето на СДСМ од позиција на власт. Меѓутоа, не е тоа смислата на политичкото делување, затоа ги повикуваме да престанат со овие ситни игри, ние со сите средства ќе го браниме нашето седиште и знамињата, еве најавија дека ќе дојдат денеска ги нема, и доколку не престанат овие пристисоци ќе поднесеме тужба за нарушено владение – рече Бачев.

                                                                                                                                         Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија