ПИЦАЈЗЛИТЕ НА ГРУЈО ПРОТИВ Влатко Васиљ под директива на Протуѓер и Димовски, Васиљ ,,распнат” на КУРТОН ПОРТАЛИТЕ И КУРИР ЗАТОА ШТО ГО КРИТИКУВАЛ РЕЖИМОТ!

0
2016

Еве што им се случува на критичарите на режимот, овој пат популарниот твитерџија Влатко Васиљ е на тапет на еден од лидерските куртонски портали на владата кој функционираат под директива на стратегот за медиуми и одговорниот за центарот за лаги, патки и манипулации во јавноста Илија Димовски и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер. Или ако си Бетмен ќе се сликаш во претседателски резиденции, ќе пиеш кафе мафе со Димовски и други режимски спинери.

vasiljkurir

А еве што твитерџијата Влатко Васиљ одговори на својот фејсбук профил по куртон објавата на куртон порталот Курир :

Иако сум популарен, веќе станав и познат. До некаде и битен штом ме има по насловните страници од владините медиуми како курир и пулс24. Тоа е последица од последниве денови каде сум соочен со вербален напад од група на луѓе (под маски) што користат многу лични навреди, закани и познати методи што му доликуваат на овој режим. Веќе сум општо голема опасност за режимот. Но како што ми доликува и како што ме знаете, ништо нема да ме спречи во борбата против злото. Ова што ми се случува е дополнителна потврда дека сум во право тоа што го правам, тоа што го пишувам и за тоа што се борам.

Мене не ми доликува да користам иста мера, да употребувам навреди и се служам со нивните алатки. Јас оваа борба не ја водам сам, големиот број на пораки и поддршка од познати и непознати луѓе ми дава стимул плус да не престанам да се борам за она кое верувам – Слобода и правда за сите засегнати и обесправени!

Сум бил тука и ќе бидам тука, гордо исправен пред сите вас со ниту грам сомнеж во сопствените намери, да ја видам Македонија онаква каква што ја замислувам, здрава, обединета и сигурна во себе.

Не се предавам и не се откажувам. За себе, за мојата фамилија, за моите другари, за сите они кои заслужуваат подобро и повеќе. Ме имате мене, а знам дека и јас ве имам вас. И гласно ќе викнам: Оставка за Груевски и пад на режимот и злото. Ќе победиме!

А еве како изгледа тоа оркестрирано куртонско напаѓање врз Васиљ на Твитер :

vasilj1 vasilj2 vasilj3 vasilj4