ПИСМО ОД ОСНОВАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД ОХРИД : ДАЛИ ТИ ХРИСТИЈАНЕ МИЦКОСКИ СИ САДО МАЗО?

0
9382
Писмо од основач на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, го пренесуваме во целост:

Зборувате дека сите членови се заслужни за вака „компонирано” ВМРО-ДПМНЕ? Дали се заслужни и оние кои пред 5 години кога ја презедовте функцијата претседател беа во првите редови , оние кои го прифатија предизвикот да бидат претседатели на ОК ,МК, УМС , УЖ ..кога партијата беше затворена кога немаше функционални структури и само по неколку луѓе влегуваа во партиските простории?

Дали се заслужни сите оние кои уште на Валандовскиот конгрес ве подржаа , за разлика од другите кои и не така скришно шепотеа дека сте неспособен да се носите со оваа функција , кои во меѓусебни преписки ве исмејуваа, кои и на самиот конгрес работеа да пропадне вашиот избор?

Дали се заслужни и оние кои со натчовечки напори и соочени со бојкот и деструктивно однесување на наши членови инструирани од минатото раководство, успешно спроведоа референдум, претседателски и парламентрани избори? Дали се заслужни и сите оние кои без поштедно жртвуваа се во животот за да ве подржат вас и веруваа во вас?

Дали се заслужни и сите оние кои вие кажувавте дека треба да бидат запишани со златни букви и дека тие кај вас ќе бидат приоритет затоа што имаа храброст додека многу гледаа од страна и навиваа вие да не успеете? Е сите овие и многу други чесни и искрени не се заслужни судејќи по вашите постапки , сите овие вие ги отфрливте и денес се наоѓаат на маргините , сите овие за вас не се подобни, можеби вие мислите дека се работи за поединци , но многу се лажете ние од страна многу поразлично гледаме, да гледаме кога некој човек за вас давал се и бил пожртвуван и каде се наоѓа денес , тогаш што ќе биде со нас „обичните” членови.
Самобендисаноста , заљубеноста во себе-нарцисоидност, преголемата самоувереност , и патолошкото лажење се особини кои го носат човекот во бездна, „и ти си против мене?„ „ ќе ве победам сите, вие ќе ме молите„ „ако не сакаат не мора да гласаат„ …… Човек кој не е спремен да слушне критика во насока на подобрување на нештата, туѓо мислење, да прифати од друг сугестија, тој човек е веќе изгубен и за него нема назад. Од друга страна сегашното опкружување на еден претседател на политичка партија е на „многу виско ниво„ , лица кои се под истраги, лица со нарушен кредибилитет во средината каде потекнуваат, лица за кои секој ден се отвора ново кривично дело, лица долгогодишни партиски функционери кои после нивните „блескави„ кариери и искористена апанажа наместо да се вратат на своите работни места тие се вработуваат во ВМРО-ДПМНЕ да и за тоа примаат месечна плата , додека во секој град имаме наши избркани членови, семејства на уставобранители, и какви не социјални категории, но не ние ќе се грижиме за оние кои 11 години беа на функција и сега не сакаат да се вратат во институцијата каде биле вработени, поранешни партиски функционери и членови на нивните семејства грижливо се згрижуваат во разни управни и надзорни одбори во тазе освоената локална власт, гледаме луѓе околу вас за кој вие бевте „мицко, квиско„ луѓе кои јавно ве исмејуваа и ви упатуваа сочни пцофки по социјалните мрежи , луѓе кои по секој изборен циклус ги гасеа профилите по социјалните мрежи за да не бидат на тапет, луѓе кои излегоа на референдум….. сте го собрале сето дно , прашашање кое не мачи дали ти Христијан си садо мазо?
Дали сакаш да се однесуваат со тебе лошо за ти да ги наградуваш?
А овие епиталамии, оди на радоста , пофални песни кои ти ги чита братот Љамбе нас ни се одамна познати , охриѓани си се знаеме многу убаво до вчера на „војводата „ Љубчо му ги читаше и се крстеше во него , па ене каде го остави , Љамбета го зедовме кога го формиравме ВМРО 1991 како учено ,градско дете, директор кој не се прослави многу во охридска трговија, па така на нас ни е многу подобро познат отколку на тебе, ние партија не менавме никогаш, таа е нашата религија, а и ова денес кое го спроведувате со унијата на ветерани е една голема лакрдија како и впрочем се што правите вие.
Основачи на ВМРО-ДПМНЕ Охрид , веќе пензионери кои не бараат никакви бенефиции од властта на нашата матична партија.