(…)
„Не, не сум добила писмо. Она што го кажав и ќе го повторам, е дека го прочитав писмото во медиумите и запозната сум со неговата содржина“, изјави за Дојче веле обвинителката Катица Јанева. Во оваа фаза таа не коментира дали ќе го постапува по овој случај.
Но, безбедносни извори кои сакаат да останат анонимни, тврдат дека писмото е автентично.
„Писмото е напишано од припадници на ЕБР, кои и по акцијата на одредени нивоа неофицијално го изразија незадоволството од начинот на нејзиното организирање, спроведување и други ‘нејасни околности’. Но, поради трагичниот биланс, решија да не реагираат јавно во тој сензитивен момент. Со ова писмо сега ја искажаа намерата да сведочат, а кога новото обвинителство ќе добие конкретна ‘адреса’, решеноста за учество во расветлувањето на случајот нема да биде повторена преку медиумите, туку директно до институцијата, од лица со име и презиме“, вели нашиот соговорник, на кој специјалци во неколку наврати му ја презентирале намерата да се обратат до обвинителката. Тој не прецизира за колкав број на специјалци станува збор, со став дека откривањето на тој податок или на нивниот идентитет во овој момент би можело да биде причина за огромни притисоци врз нив.
Според безбедносни експерти, барањата за независна истрага се оправдани, бидејќи останале многу неодговорени прашања и за кумановската акција и за мотивите на вооружената група, а особено по сведочењата објавени во косовските медиуми, за наводна поврзаност меѓу воовружената група со македонски безбедносни структури. Три дена по акцијата во Куманово, која беше оценета како високопрофесионално изведена, оставки си поднесоа првите луѓе на МВР и УБК, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Премиерот Груевски, во набројувањето на сите нивни дотогашни успеси во работата, како „последен успех“ во таа низа ја посочи и „исклучително успешно изведената полициска акција во Куманово“.
(…)
текстот во целост прочитајте го тука