Пиперки полнети со грав

0
771

Состојки:

1/2 кг грав
1/2 кг кромид
100 г масло
1 лажица црвен пипер
црн пипер
магдонос
8 црвени пиперки

Приготвување:

Сварете го гравот со една главица ситно сечкан кромид. Останатиот дел од кромидот исечкајте го и испржете го со маслото додека да пожолти. Тргнете го од оган и додадете му црвен пипер, црн пипер, сол, магдонос, и на крај ставете го сварениот грав претходно исцеден од водата. Измешајте добро и со таа смеса полнете ги бабурите. Пиперките редете ги во земјена тава намачкана со масло. Во остатокот од смесата со која ги полните пиперките додадете од водата во која се варел гравот, промешајте и ставете го тоа преку пиперките. Ставете ја тавата во рерна да се пече околу половина час.