ПЕЦАКОВ КОН ЛЕВИЦА – ОХРИД ,,АКТЕРИ ОД ЦИРКУС МЕДРАНО ОД АЛИ ЕКСПРЕС”, ОТКАКО ГО ОБВИНИЈА ДЕКА ПОТРОШИЛ 503.500 ДЕНАРИ ЗА СОФРИ!

0
584

Од Левица – Охрид со отворено писмо до медиумите реагираат дека нивната општина која имала долг од 22 милиони евра, потрошила 503.500 денари за софри и вино. Според нив, градоначалникот Кирил Пецаков како и неговите претходници продолжувал со трошење, а во охридските ресторани и хотели од јануари до ноември 2022 година биле потрошени 503.500 денари.

Во време на голема економска криза кога обичниот граѓанин не може да ги подмири основните потреби, градоначалникот Пецаков по стапките на неговите претходници продолжува со расипничко трошење пари од граѓаните за ресторански услуги.

Една од најзадолжените општини во Република Македонија со вкупен долг над 22 милиони евра, Општина Охрид, во охридските хотели и ресторани има потрошено 503,500 денари од јануари до ноември 2022 година и тоа во ресторан „Амфора“ – 193.000, ресторан „Острово“ – 147.000, хотел-ресторан „Тино“ – 83.396 и хотел „Аквалина“ – 79.314 денари. Вртоглавите цифри како доказ за зголемените апетити на локалната власт се преземени од порталот „Отворени финансии“-реагираат од партијата.