Пет синдикати во ССМ не се согласуваат со одлуката на Иванов

0
528

Пет гранкови синдикати при Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопштија дека се оградуваат од ставот изнесен од страна на СОНК дека ја поддржуваат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

Во соопштението потпишано од синдикатите на СИЕР, УПОЗ, СУТКОЗ, СОБ и Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката и стопанството се вели дека претседателот Иванов во повеќе наврати со своите постапки покажал дека неможе позитивно да влијае за излез од политичката криза.

– Со одлуките за аболиција што тој ги донесе дополнително се зголеми конфронтацијата меѓу граѓаните, особено меѓу Македонците. Исто така одредени претставници на меѓународната заедница со своите непрецизни или недоволно изградени ставови создаваат дополнителна конфузија поради што сметаме дека нивните препораки не треба да се земаат здраво за готово, се вели во соопштението.

Тие бараат создавање на поширок и општ консензус за сите отворени прашања со вклучување на сите релевантни фактори во државата како што се политичките партии, невладините организации и здруженија на граѓани, синдикати, академската јавност, асоцијациите на новинари и т.н.11960011_1711134275825691_2665906811817024181_n