ПЕТ ЛИЦА ЗАГИНАА0 А НАЈМАЛКУ 15 СЕ РАНЕТИ ВО РУСКИОТ НАПАД ВРЗ ОБЛАСТА ХАРКОВ

0
80

– Украинските власти денеска соопштија дека пет лица загинале, а 15 лица се ранети во рускиот ракетен напад врз областа Харков.

Началникот на областа, Олех Синехубов изјави дека меѓу ранетите има и вработен во Итната помош, како и дека е оштетена амбуланта, пренесува агенцијата Униан.

Локалните власти потврдија дека повредените се префрлени во болници, како и дека има материјална штета на станбени згради.