Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ: УТРЕ ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ ВОДИ БИТКА МЕЃУ ЧЕСНОСТА И ПОДМОЛНОСТА, НА УДАР Е ТОШКОВСКИ, ЧОВЕК, СИНОНИМ ЗА ЧЕСТ, ПРАВДА

Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста.
На удар е министерот Панче Тошкоски, човек што го познавам долги години. Човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија.
Подносители на интерпелацијата? Левица — политички шарлатани и квази-патриоти!
Тие беа најгласните слуги на шарената револуција што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања!
Денес, политички некрофили, кои сакаат да тргуваат со болката на народот и да извлечат ситен политички ќар од трагедијата во Кочани. Бесрамно!
Но вистината е јасна:
За првпат во Македонија, по трагедија, неселективно и одговорно се поднесуваат кривични пријави против сите виновници — без разлика на функција и моќ.
Повеќе од 70 лица се опфатени: министри, градоначалници, инспектори, полициски службеници!
За разлика од минатото кога “кабелот” беше виновен, а вистинските виновници беа заштитени.
Панче Тошкоски испиша страница на вистинска борба против криминалот:
-Сузбиени 14 криминални групи и 1 терористичка ќелија;
-Паднаа поранешен вицепремиер, врховен судија, член на Совет на јавни обвинители, директори;
-Спречени меѓународни транспорти на кокаин, марихуана и екстази (над 4 тона запленети дроги);
-Сузбиена цела мрежа на корумпирани цариници;
-За 4,8% намален криминал!
Токму затоа Левица крева врева. Страв им е од правда и одговорност.
Оваа битка не е само на Панче!
Ова е битка на сите што веруваат во чесна, праведна и достоинствена Македонија!
Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски.
Зад Македонија што се бори.
Зад правдата што конечно има име и презиме.
А ти?
Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ