Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ: ССМ И ТРЕНДАФИЛОВ ГИ ЛАЖАТ РАБОТНИЦИТЕ ЗА МИНИМАЛЕЦ, ДОДЕКА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НАА УПОЗ ЗЕМА 80.000 ДЕНАРИ ПЛАТИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата.

Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ.

Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари.

Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи.

Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што  треба тоа да одработат. Прочитани се.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ