Wednesday, February 12, 2025
4.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА НЕ МОЛЧИ И ДА ПОСТАПИ ВО СЛУЧАЈОТ СО ОНКОЛОГИЈА

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија.

Не смее цела држава да биде заложник на мафијата на смртта.

Додека пациентите на Онкологија чекаат терапија, мафијата на смртта поддржана од Венко Филипче трие раце за профит.

Со години мафијата на смртта предводена од веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство.

Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче.

Венко Филипче и СДС политички ја штитат оваа мафија која всушност самите низ годините ја создале.

Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека и да се заинтересира за случувањата на Онкологија.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ