Тој продолжи и додаде:
„Овие собраниски клупи од страна на опозицијата комплетно се пополнети од страна на поранешните министри и функционери на Владата на ДУИ и СДСМ. Ќе истакнам само дека нивните стотици амандмани на овој Буџет се уште еден еклатантен доказ дека изминатите 7 години ја имавме најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Замислете да потрошите над 30 милијарди евра пари на граѓаните во 7 буџети и денес да поднесувате амандмани за изградба на улички, канализации и водоводи е повеќе од лицемерно. Сакам јасно да истакнам дека за овие нивни амандмани Владата и премиерот Мицкоски обезбедија рекордни 250 милиони евра годишно и нивната реализација сега е во рацете на градоначалниците“, рече Петрушевски.
Тој истакна дека пратениците од опозицијата најпрвин треба да ја наведнат главата, а потоа да кренат рака за поддршка на овој буџет
„Во минатите 7 години, претходните буџети беа обременети со нереални прогнози и слабо планирање, што резултираше со неисполнување на целите, но и значителни финансиски дупки. За жал, сведоци бевме на неефикасно управување со јавните средства, голема корупција и криминал на власта, а најголем дел од капиталните инвестиции останаа само на хартија, со никаква имплементација и реализација“, вели Петрушевски.