Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ: КАЦАРСКА, ТРПКОВ, КОЦЕВСКИ И РУСКОВСКА СЕ ДИРЕКТНО ОДГОВОРНИ ЗА СТАВАЊЕ ПОД ЗАКРИЛА НА КРИМИНАЛОТ НА СДС И ДУИ, ДОАЃА КРАЈОТ НА ВАКОВ ПРАВОСУДЕН СИСТЕМ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувана јавност,

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судство да е растоварено од политички влијанија.

Функционирањето на Кацарска и Трпков судството во сојузништво со партиските послушници на СДС и ДУИ обвинителите, Коцевски и Рускоска е поразително за Македонија.

Кацарска, Трпков, Коцевски, Рускоска и останатите кои не постапувале по предметите, ги одолговлекувале постапките, или неоправдано се откажувале од кривично гонење се одговорни за лошата слика на судскиот систем.

Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција потврдува дека токму ваквото правосудство е најслабиот столб во општеството.

Кацарска, Трпков, Коцевски, и Рускоска се директно одговорни за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Тие се одговорни за распространетоста на корупцијата во пандемски размери, за раст на криминалот и недовербата на граѓаните во судскиот систем која е само 2 проценти.

Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, “заборавените“ предмети,  и не постапување по наводите за криминал на Кацарска судството се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем.

Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

Кацарска и Трпков пак се синоним за контрола на судството под диригентската палка на СДС. Тие си играа со судбините на луѓето од случајот за 27 април.

Мора да постои одговорност. Се става крај на лицата во правосудството кои работат под политички диктат. Владеење на правото како институт е неопходно и треба да заживее во Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ