Wednesday, May 14, 2025
10.4 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ: И ПОКРАЈ ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА ЧЛЕНОВИ НА СУДСКИ СОВЕТ ВО СОБРАНИЕТО ТИЕ СИ ГИ ВРШАТ ФУНКЦИИТЕ И НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ВОЛЈАТА НА НАРОДОТ

„Со право е загриженоста во јавноста кога се однесува на најклучната алка во борбата со корупцијата и организираниот криминал, тука мислам на ДКСК и конфликт на интереси. Ние како пратеници, парламентарно мнозинство во Собрание, многу внимателно ја следиме состојбата токму во овој дел изминатите денови и почитувајќи ја презумпцијата на невиност.

Во овој момент остануваме воздржани во делот на коментирање на самиот чин и инволвираноста на првиот човек на антикорупциска во еден сериозен криминален скандал, меѓутоа очекуваме дека тоа ќе биде чин на оставка“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

Петрушевска е децидна дека имплементацијата на законодавството вклучено во борбата со корупцијата е директно врзана со системот на вредности и интегритет.

„Имплементацијата на законодавството, вклучително борбата со корупцијата е директно врзана со системот на вредности и интегритет. Само неколку месеци наназад токму во Собранието изгласавме недоверба на членовите на Судски совет, уште една, исклучително независна институција согласно Уставот и законите која треба да се грижи и да генерира независно судство и јавно обвинителство со тоа што ќе се приклучи во борбата со криминалите дејанија. Што се случи кога Собранието презема активности во овој дел? Во услови кога имате изгласан негативен извештај на Судски совет, само 2-3% доверба од страна на граѓаните на ниво на статистичка грешка и Собранието кои се претставници на народот и ви дале легитимитет, а потоа се гласа недоверба тие продолжуваат да си ја вршат функцијата и не го почитуваат гласот на народот“, заклучи Петрушевска.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ