Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани,
Љупчо Дон Николовски овозможил Арекспорт од Струмица, да го оштети буџетот за над половина милион евра.
Љупчо Николовски е министер во МЗШВ кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на Арекспорт, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината.
Љупчо Николовски можел да го раскине договорот, но тоа не го сторил.
Љупчо Николовски не може да се вади на службите и вработените во МЗШВ, затоа што покрај другите услови фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра.
Дополнително станува збор за 1.416 хектари земја, а не за 100 или 1000м2, како Љупчо Николовски не можел да каже дека не знаел или не пристигнала информација до него.
Во ред е Љупчо Николовски да не знае за некој договор или сметка што ја потпишал од 1.000, 10.000 или дури и 100.000 денари, но да не знае за договор за закуп на над 1400 хектари кој не се извршува согласно закон, за кој не се плаќа закупнина и земја на која незаконски се земале половина милион евра субвенции нема никој да поверува.
Љупчо Николовски треба да одговори, зошто никој не ги исконтролирал дали Арекспорт ги инвестирала ветените над 2.4 милиони евра? Наместо да се крие зад службеници во министерството да понесе одговорност.