Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКИ : АПЕЛИРАМЕ ГРАЃАНИ ДА НЕ ПОТПАЃААТ НА ЦРНИТЕ СЦЕНАРИЈА ЗА ЕТНИЧКИ КОНФЛИКТИ ЧИЈА ЦЕЛ Е ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ И БИЗНИС ИНТЕРЕСИ, ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ РЕАГИРААТ ЖЕСТОКО

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме.

Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите.

СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност.

Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава.

И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле.

Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот.

Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови.

Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум.

Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ