Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКА : БУЏЕТОТ ИМ ПРИПАЃА НА ГРАЃАНИТЕ, ВМРО-ДПМНЕ ПОСТАВУВА ТЕМЕЛИ ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК И ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска  на денешната расправа говореше за Предлог-буџетот  за 2025 година. Според Петрушевска, буџетот го остварува ветениот збор од предизборната кампања, и е клучен за создавање на подобри услови за живот за сите граѓани и за создавање стабилна економска основа за целата држава.

„Имам чест да говорам за буџет кој што е прв на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кој што испраќа многу јасна порака за граѓаните и бизнис секторот, а тоа е дека ветениот збор во предизборието но и во време на изборната кампања со овој буџет ќе се оствари“, изјави Петрушевска.

Петрушевска нагласи дека буџетот им припаѓа на граѓаните и бизнис секторот, а преку овој буџет ќе се остварат бројни ветувања кои ќе помогнат во подобрување на животниот стандард и економската стабилност.

„Буџетот им припаѓа на граѓаните, на бизнис секторот, и со оваа буџетска рамка која што ја имаме во Собранието можеме да одговорно тврдиме и кажеме дека парите на даночните обврзници ќе бидат вратени токму кај нив, бидејќи и на нив им припаѓаат“, нагласи Петрушевска.

Петрушевска ги презентираше трите основни постулати на буџетот, кои треба да го направат разбирлив за широката јавност, особено за граѓаните и бизнис секторот.

„Ако треба некако да го симплифицираме буџетот, а со тоа да го приближиме до граѓаните, но и поблиску до бизнис секторот, ќе се обидам да го презентирам во три постулати. Буџетот има три постулати, три темели, и наједноставно така би бил разбран за македонската јавност, пред сè за граѓаните и даночните обврзници“, рече Петрушевска.

Првиот постулат, според Петрушевска, е дека буџетот навистина ги таргетира граѓаните.

„Народот, на нив им припаѓа и ова е сериозна поддршка за нив“, истакна Петрушевска.

Петрушевска нагласи дека буџетот сериозно ќе даде поддршка на капиталните инвестиции.

„Капиталните инвестиции ќе придонесат за тоа како да имаме посериозен економски развој и посериозен развој на целата држава, во секое населено место“, објасни Петрушевска.

Според Петрушевска, третиот постулат  е поддршката на бизнис секторот, кој ќе има корист од сериозни мерки за економски напредок и развој.

„Навистина, кога ќе ги погледнете буџетските ставки, фактите го говорат следното. Кога велиме за граѓаните, буџетот има јасна намера. Да даде поддршка на младите, да даде поддршка на пензионерите, да даде поддршка на земјоделците, здравствените работници, да ги зголеми платите на полициските службеници, да ја подобри ефикасноста на јавниот сектор. И би рекла, најголемиот акцент е сепак здравствените работници. Да ги задржиме младите, стручните во оваа област, меѓутоа и генерално да го подобриме здравството како еден од круцијалните темели на функционална држава и систем“, истакна Петрушевска.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ