Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

ПЕТРУШЕВСКА: БИ БИЛО ЧЕСНО ПРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОПОЗИЦИЈАТА ДА ЈА ОБЈАСНИ ТЕЗАТА ЗОШТО ТРГНА СО НАРАТИВ ПРОТИВ ЕДЕН ВАКОВ СТРАТЕШКИ ДОГОВОР

„Ова е вториот најзначаен стратешки договор во надворешната и безбедносната политика на земјава после САД кој беше потпишан 2008. Навистина во оваа прилика бидејќи помина ратификацијата да им честитам на граѓаните но, и на сите засегнати страни бизнис заедницата во Македонија за овој навистина значаен договор. Зошто велам дека е значаен?

Заради тоа што ние го потпишуваме ова стратешко партнерство со Обединетото Кралство кое важи за една од првите 10 економии не во Европа, туку во светот. Важи за држава која има висок степен на владеење на правото, со нула корупција, важи за една од најстарите демократии не само во Европа туку во светот. Обединетото Кралство е еден од основачите на НАТО, но и членка во советот за безбедност во ОН“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска во гостување на „Дејли Клик“ на ТВ21.

Петрушевска продолжи и додаде:

„За нас од аспект на Македонија како земја која доаѓа од Западен Балкан е исклучително позитивен сигнал заради тоа што успеваме да склучиме еден ваков стратешки договор, едно стратешко партнерство токму со Обединетото Кралство“, рече Петрушевска.

Петрушевска посочи дека подеднакво увид и пристап во Договорот имаат сите пратеници и македонската јавност.

„Но, да почнам од почеток, ова што во моментот е објавено е впрочем правната или политичката рамка на договорот, она што од ратификацијата на Договорот започнува е делот на финансиската рамка која почнува да се преговара, да се отвори дијалог заради тоа што финансиската рамка ќе ги опфати зрелите проекти, односно проектите кои се предвидени во анексот на овој договор и кои ќе треба да обезбедат финансиска поддршка. Целиот дијалог ќе се води да истата каматна стапка биде најповолна, меѓутоа самиот Договор ги опфаќа овие две компоненти, значи политичкиот и правниот момент“, вели Петрушевска.

Петрушевска посочи дека сите капитални проекти ќе придонесат за раздвижување на целото општество.

„Сите капитални проекти ќе донесат едно раздвижување на целото општество, но она што е најважно е дека ќе опфатат сериозно реставрирање на целата локална економија меѓутоа и на целата национална економија. Она што е исклучително важно е дека не смееме да си дозволиме да се водиме од комплексот на мала вредност и да ја поставуваме тезата зошто една Македонија склучува Договор со Велика Британија“, изјави Петрушевска.

Петрушевска е децидна дека би било чесно пред меѓународната заедница особено пред Велика Британија и амбасадорот да ја објасни тезата опозицијата зошто тргна со ваков наратив кон еден ваков стратешки договор.

„Претходно честопати во секој политички наратив додека беа седум години на власт ги користеа стратешкото партнерство со САД, пристапувањето со ЕУ и целата таа европска реторика, а сега наеднаш да тргнете од реторика на антиевропски, понатака дали има одредени коруптивни скандали и не знам каква се друга пропаганда“, заклучи Петрушевска.

 

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ