ПЕТРОВ : СДСМ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО СИТЕ КОИ СМЕТААТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ШТО ПОБРЗО ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

0
253
Добро е што ДПМНЕ влегоа во техничката влада со министри и заменици министри, тоа е законска обврска. Она што е лошо е што не гласаа, не оди тоа едно со друго, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во  Отворено студио на ТВ 21.
Петров нагласи дека мнозинството снајде сили да ја изгласа техничката влада, да гарантира избори во фер и демократски амбиенти.
Во врска со пред и поизборните коалиции, Петров рече дека СДСМ веќе е во колациија со партнери со кои логично е да продолжи.
Заради многу работи што се постигнаа, државата е демократизирана, треба да направиме се, да ја водиме државата што побрзо да влезе во ЕУ, тоа е нешто што им го должиме на граѓаните, рече Петров.
Тој додаде дека СДСМ ќе направи напор да коалицира со сите кои сметаат дека Македонија треба веднаш, не задутре, да ги почне преговорите и да не поставува Македонија вето на самата себе, што во случајов го имаме и сите од надвор да се чудат што ние правиме.
Спремни сме да разговараме со сите, кои се согласни со нашата идеја дека алтернатива од типот на БРИКС или не знам што не е алтернатива, дека Македонија може да се развива како што треба само во ЕУ, во етнички соживот, во меѓусебна толеранција, порача Петров, додавајќи дека оваа коалција ќе ги добие изборите сигурно и ќе формира влада.
– Местото на Македонија е во ЕУ, не е во импровизации, не е одговор „ќе видиме што ќе правиме“, влегувањето во ЕУ побрзо пред се е младите да не се иселуваат, а овде да останат старци, што ќе се луапаат во гради и ќе велат: Ние сме горди Македонци, ништо не попуштивме, рече членот на ИО на СДСМ Андреј Петров  Отворено студио на ТВ 21.