ПЕТРОВ : ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПРЕДВОДЕН ОД СДСМ Е ОТВОРЕН ЗА СИТЕ ПАРТИИ, НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И АКТИВИСТИ

0
394

По 17 години за прв пат ќе има редовни избори, што е демократски исчекор после сите оние предвремени, попредвремени, најпредвремени избори што ги имавме 17 години, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во дебатната емисија Топ тема на телевизија Телма.

Петров нагласи дека СДСМ работи на широк европски фронт на кој ќе се приклучат сите.

Отворени сме за соработка со сите, и со владините коалициони партии, што е нормално сме терале заедничка агенда, земјата влезе во НАТО, го заврши скринингот со ЕУ, сме разговрале, ако имаме заеднички кандидат за претседател, истакна Петров, додавајќи дека е логична тенденција е да не раздробува европското ткиво, туку да се обедини, да се надминат етничките бариери, да биде неважно дали на листите некој е Македонец или Албанец или било што друго, туку да се види кој каков кандидат е, каков човек е.

СДСМ сака да имаме заеднички настап, со кој ќе покажеме дека ова што сме го работеле заедно сите овие години не било демагогија, дека многу сме се труделе, сме издржале многу удари, бидејќи дел од мерките што сме ги спровеле биле непопуларни, меѓутоа ако тој пат сме го изоделе, треба да продолжиме да го одиме заедно, рече Петров.

Тој нагласи дека оваа идеја уште повеќе ја акцелерира целата ситуација со она ште се случува со нашето потенцијално влегување во ЕУ, не смее да има раздробуваање на тиквото на сите оние што сметаат дека погрешна е перцепцијата на стратешките партнери на државата.

На изборите ќе бараме поддршка на европскиот концепт, останатиот концепт сме го виделе 11 години, а тоа е – ќе видиме како ќе тераме, ќе ја донесеме Европа во Македонија – а завршивме како заробена држава. Политичарите служат да ги решаваат тешките работи на луѓето, а не да гледаат во анкетите и да тераат попуизам, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во „Топ тема“.