ПЕТРОВСКА : СУДОТ ТРЕБА ДА ЈА ПРЕИСПИТА ОДЛУКАТА ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УПАДОТ ВО М-НАВ

0
323

Мислам дека Судот треба да ја преиспита одлуката, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, во врска со мерките кои Кривичниот суд ги изрече за осомничените за инцидентот во М-НАВ.

Запрашана како ја коментира одлуката на судот, Петровска рече дека лично таа не се сложува со неа.

„И мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката, не сакам да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, но мислам дека целата оваа ситуација треба посериозно да ја сфатат, ќе имаат дополнително време“, изјави Петровска.