ПЕТРОВСКА : ЗАГАДУВАЊЕТО Е ГЛАВЕН ПРОБЛЕМ ВО СКОПЈЕ, ИМАВМЕ ДОБРА СОРАБОТКА СО ШИЛЕГОВ

0
222

Политичките партии имаат моќни структури. „Зелен хуман град“ има свои предлози, но најважно е што таму има луѓе со чисто срце, изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Ана Петровска, која е поддржана од иницијативата „Зелен хуман град“.

Според неа, иницијативата има своја визија за градот и во централното и на периферијата на градот.

Петровска: Загадувањето е главен проблем за Скопје, имавме добра соработка со Шилегов

Политичките партии имаат моќни структури. „Зелен хуман град“ има свои предлози, но најважно е што таму има луѓе со чисто срце, изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Ана Петровска, која е поддржана од иницијативата „Зелен хуман град“.

Според неа, иницијативата има своја визија за градот и во централното и на периферијата на градот.

-Таа се состои од 20 активистички групи и поединци, а носител на листата на советници ќе биде Драгана Велковска, информира Петровска, додавајќи дека се кандидирала затоа што имаме големи проблеми со животната средина во градот и непланираното урбанистичко градење.

-Загадувањето е главен и комплексен проблем. Тука се контролирање на инсталациите со интегрирана дозвола, чистење на депониите, стрништата што се палат, изградба на фекална канализација и изградба на пречистителна станица, вели Петровска и потенцира имала добра соработка со градоначалникот Шилегов во врска со животната средина, додека беше директорка на ДИЖС.

Таа смета дека ги нарушиле калкулациите на политичките парии и можни се големи изненадувања.

-Битно ни е да имаме голема застапеност во советот, вели Петровска, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Инаку, Петровска својата одлука да се кандидира за градоначалничка на Скопје ја донесе откако од Владата беше разрешена од функцијата директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Разрешувањето беше реализано на барање на ДОМ, а Владата иако ја оцени позитивно нејзината работа како директорка, соопшти дека тој ресор и припаѓа на таа партија.