ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СЕ ПОФАЛИ ПРЕД СКОПЈАНИ СО ПРОЕКТОТ ЗА ЗЕЛЕНИЛО ,,ДА РАСТЕМЕ ЗАЕДНО”

0
245

Секое семејно стебло е врската креку која остануваме поврзани со нашето потекло, семејни корени и традиција. Но сега, создавајќи нови и поинакви приказни, креираме и нераскинливи врски со градот во кој растеме и созреваме.

Со нашиот проект „Да растеме заедно”, ви овозможуваме да одберете дрво кое заедно со вашето новороденче ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на вашето дете, а дрвото ќе го поставиме на еден од дрворедите, парковите или плоштадите во Скопје, или на достапно место според Ваша желба.

На овој начин, Скопје продолжува да пушта уште подлабоки корени. Корени создадени од нови традиции, модерен градски дух и почиста животна средина, растејќи во модерен и паметен град уште поцврсто поврзан со своите Скопјани.

#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Фејсбук статус на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.