ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : СЕ ГРАДИ НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА БЕЛГРАДСКА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

0
129

СЕ ГРАДИ НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА БЕЛГРАДСКА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР🚰

👷‍♂️Со изградбата на новата водоводна мрежа во должина од 1000 метри, што го опфаќа делот на улица Белградска од крстосницата со булеварот Мајка Тереза до крстосницата со улицата Димче Мирчев, се обезбедува оформување на циркулационен прстен, односно поврзување на два големи цевковода. 🚰

🚧Оваа водоводна мрежа ќе овозможи подобрување на притисокот во водоводната линија за сите корисници во тој дел на Центар. На новата мрежа ќе се поврзат и дел од болниците во Клинички центар Мајка Тереза, како Универзитетска клиника за хематологија Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, а Универзитетската клиника за детски болести ќе добие сосема нов приклучок.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје,  Петре Шилегов.