ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СЕКОГАШ СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ СКОПЈАНИ КОИ МУ СЕ НА ПРВО МЕСТО: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ЗА ВРЕМЕ НА СВОЈОТ МАНДАТ ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА БРИГАДА ЗА САМО 3,5 ГОДИНИ ИНВЕСТИРАЛ 151,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
207

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук објави инфографик преку кој јасно се гледа зголемувањето на инвестициите во противпожарната бригада за време на неговиот градоначалнички мандат.

Шилегов за време на својот мандат во противпожарната бригада за само 3,5 години (2018-2021) инвестирал 151,5 милиони денари, што е за 50% повеќе од сумата која ја инвестирал неговиот претходник Коце Трајановски во 8 години (2009-2017) која изнесува 101 милион денари.

Доколку ги пресметаме просечните годишни инвестиции, разликата е уште поголема. Имено Шилегов во противпожарната бригада има инвестирано во просек 38 милиони денари годишно, додека просечните годишни инвестиции во двата мандати на Трајановски изнесуваат само 11,2 милиони денари, што е речиси 3 и пол пати помалку во однос на инвестициите на Шилегов.

Основната нето плата на пожарникар во време на мандатот на Шилегов е зголемена за 20% и денес изнесува 22.540 денари, додека во 2017 година, во време на мандатот на Трајановски изнесувала 18.705 денари.

Во периодот од 2018 до 2021 година во противпожарната бригада вработени се точно 41 нов пожарникар, а во тек е јавен оглас за вработување на 20 нови пожарникари, појаснува Шилегов.

Освен подобрувањето на нивните работни услови, инвестиравме и во набавка на нови возила и нова опрема, со која веруваме ќе можат да ги извршуваат своите обврски уште подобро со цел да се обезбеди целосна заштита на сите граѓани, додава Шилегов.